Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Стоилов: Мораме да се пласираме на Ф4 турнирот, Гонзалес: Да ја искористиме нашата добра форма
Стоилов: Мораме да се пласираме на Ф4 турнирот, Гонзалес: Да ја искористиме нашата добра форма

Стоилов: Мораме да се пласираме на Ф4 турнирот, Гонзалес: Да ја искористиме нашата добра форма

Во недела  со почеток во 17-30 часот во Јане Сандански  ќе го  пречекаме унгарски ПИК Сегед. Вардар е во серија од три победи  и е доста блиску да го  повториме ланскиот почеток на сезоната кога имавме четири победи  по ред во на старто на шампионската лига. На денешната стандардна прес конференција пред дуелот Раул Гонзалес тренерот на Вардар изјави :

Треба да се спремаш за се и да бидеш подготвен за промени. Јас знам како размилсува Пастор, и тој знае како јас размислувам. Затоа ќе биде тешко. Лани игравме двапати и победивме. Не се знае како ќе дојде тука ПИК Сегед. Мислам ќе има некое изненандување. Кога се игра против Пастор секогаш треба да бидеш спремен на изненадување. Повеќе или помалку се спремаме за се. Нема да игра Горборк за ПИК Сегед, но кога имаш 18 играчи, има и други што играат добро и одбрана и напад. Треба д сега имаме добар момент и убава победничка низа. Пик Сегед ќе биде тешок противник, тие имаат искуство и квалитет и играат добар ракомет. Треба да играме сто отсто. Очекувам и дека салата ќе биде полна и ќе ни треба подршката од трибините. Ако сакаме нешто повеќе оваа сезона треба да се победува дома. Очекувам да играме добро, затоа што малку по малку сме се подобри. Немаме проблеми и сите сме спремни. Сите сме подготвени и очекувам да одиграме квалитетен натпревар, зошто кога се игра против Сегед мора да одиграте добар ракомет. 

На прес конференцијата присуствуаше капитенот  на црвено-црните Стојанче Стоилов тој за  дуелот со унгарскиот вице-првак изјави :

Во недела играме нов, четврти натпревар од Б групата на Лигата на шампионите, ПИК Сегед е екипа која ние многу ја почитуваме. Тие се искусни и квалитетни, имаат искусен тренер, но ние имаме добра форма и играме дома, а дома секогаш одиме на победа. Оваа година како и во минатото е императив тој пласман на Ф4 турниот. Мораме да се пласираме на Ф4 турнирот, првенствено заради нас играчите, а потоа заради клубот и навивачите. Затоа ќе одиме на победа на секој натпревар, и екипи како ПИК Сегед мора да се победуваат.