Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Алушовски: Две нови засилувања очекувам, Кукуловски: Фокусот е на Порто
Алушовски: Две нови засилувања  очекувам, Кукуловски: Фокусот е на Порто

Алушовски: Две нови засилувања очекувам, Кукуловски: Фокусот е на Порто

Вечерва, новиот кормилар Стевче Алушовски имаше добра промоција пред македонската публика во Лигата на шампионите. Вардар убедливо го совлада Мотор Запорожје со двоцифрена предност.

Сакам да им честитам на ракометарите. Јас сум бил во Вардар десет години како играч, сега како тренер. Никогаш Вардар не бил во полоша ситуација, меѓутоа она што играчите го направија беше феноменално. Треба на сите до еден да им се честита. Играчите мора да се прогласат за народни херои, за она што го прават за Вардар, за Македонија, за сите нас е нешто големо. Горд сум што имам прилика да работам со вакви момци. Не сакам да зборувам за тактика, туку за извонредните луѓе во клубот, во името на моите играчи-е надевам дека никој повеќе нема да нè напушти. Им кажав на играчите дека нема да можам многу да ги ротирам. Но, чекаме да видиме што ќе биде понатаму. Сакам двајца нови играчи во тимот, ама сè ќе зависи од иднината“, изјави предводникот на европскиот првак. изјави Алушовски.

Добро бевме спремни за Мотор. Дадовме се од себе. Дојдовме до посакуваните бодови. Осигурано е нашето место во нокаут-рундата. Но, фокусот ни е вперен кон Порто, сакаме добар резултат и таму“, изјави Кукуловски.