Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Повторно доминација на Европскиот првак, Ј.Сандански во ритам, „визирано“ 1/8фин. во ЛШ
Повторно доминација на Европскиот првак, Ј.Сандански во ритам, „визирано“ 1/8фин. во ЛШ

Повторно доминација на Европскиот првак, Ј.Сандански во ритам, „визирано“ 1/8фин. во ЛШ

Повторно како некогаш, Вардар доминира во „Јане Сандански“, салата во еуфорија…
И покрај сите тешки денови оваа недела за РК Вардар може да воздивнеме, денес падна Мотор Запорожје, воедно Брест Мешков беше поразен па обезбедивме 1/8-финале во ЛШ.  Победата денес дојде со резултат 38-28.

86717653_10216377461971333_5497981175978786816_o

Ривалот отвори со гол на самиот почеток за 0-1, Алушевски се одлучи на своето деби во Скопје да започне со Кизиќ на голот и со напад 7 на 6. Вардар влезе во ритам, публиката го поддржуваше. Влеговме во неверојатна серија 6-1 па во 10.минута со голот на Калараш по еден пожртвуван пад водевме со пет гола (7-2). Ривалот успеа да се врати во игра со мини серија 1-3 се доближи на 8-5 во 13.минута. На нашиот гол Кизиќ беше одличен тој беше двоцифрен во првиот дел, тимот фунционионираше па повторно ние бевме во налет. Во 17.минута дојдовме пак на пет плус (10-5) со погодокот на Сташ Скубе. Двата тима имаа вој налети, Мотор покажа „заби“ и во 22.минута дојде на минимален минус кога намали на 11-10. Алушовски веднаш побара минута одмор по серијата 1-5 на украинците. Стоилов и Дибиров врзаа погодоци па во последните пет минути влеговме со комотни 13-10. Во 29.минута повторно отидовме на плус пет (15-10), првиот погодок пред скопската публика го постигна Толедо. На одмор заминавме со резултат 16-11.

86639103_10216377461811329_4353858659202105344_o
Првпат на шест плус на овој меч отидовме во 33.минута кога поведовме со 18-12, стрелец на голот беше Иван Чупиќ од пенал. Кизиќ Марко денес имаше одличен дуел, тој одбрани перфектно, полн погодок беше одлуката на новиот кормилар да му даде шанса на стартот. Чупиќ во 40.минута погоди за 24-15, носејќине првпат на девет погодоци пред ривалот од Запорожје, кој побара минута пауза. На 10.минути до крајот, со голот на младиот  Кокуловски имавме убедливи 31-22, ривалот го искористи последниот тајм-аут кој го имаше на располагање. Токму он и Кизиќ денес имаа забележителни улоги, Алушевски им даде шанса да понесат одговорност бидејќи по намалувањето на ростерот дел од товарот ќе падне и на нив. Гедбан влезе во вториот дел и тој покажа дека треба да се смета на него, Калараш доби црвен на 2.минути до крајот по еден  мал инцидент на теренот. Победивме со 38-28 на овој меч.

ВАРДАР: Кизиќ (9 одбрани), Гедбан (3 одбрани), Гогов, Стоилов 3, Кукуловски 2, Димитриоски, Карапалевски 1, Сикошек Пелко 1, Скубе 8, Калараш 3, Чупиќ 6, Де Толедо 2, Дибиров 5, Горбок 5, Шишкарев 2, Горпишин.