Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Генерациите 2006 и 2009 на ФК Вардар ќе играат за 3.место на турнирот „Пирин Куп“
Генерациите 2006 и 2009 на ФК Вардар ќе играат за 3.место на турнирот „Пирин Куп“

Генерациите 2006 и 2009 на ФК Вардар ќе играат за 3.место на турнирот „Пирин Куп“

Генерациите 2006 и 2009 на ФК Вардар за жал ги загубија полуфиналните натпревари на турнирот во Бугарија и утре ќе играат за третото место на „Пирин Купот“.

Генерацијата 2006 го загуби во дуелот со екипата на Берое, дури после изведување на удари од белата точка. Во регуланиот дел натпреварот заврши со резултат 0:0. Лошо се покажавме во пенал серијата, каде погодивме само еден удар од белата точка, преку Нуман Ајетовиќ, додека противникот постигна четири голови.

Вардар: Данстак, Николов, Настевски, Јанковски, Спасовски, Миовски, Цониќ, Величковски, Николовски, Ајетовиќ, Алији.

Во полуфиналето пораз доживеа и генерацијата 2009 од екипата на Спартак Пловдив. Само еден гол го реши натпреварот и истиот заврши во нашата мрежа за конечни 1:0, додека на полувреме беше 0:0.

Утре за 3.место генерацијата 2009 ќе игра со екипата на Национал од Бугарија.