Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар сигурен, три погодоци за три бода!
Вардар сигурен, три погодоци за три бода!

Вардар сигурен, три погодоци за три бода!

Вардар пролетниот дел од шампионатот го отвори со сигурна победа откако попладнево беше подобар на домашен терен од Македонија ЃП со резултат 3;1 (1:0). Вардарци доминираа, по првиот дел водеа со голот на Жуниор, а во вториот одиграа уште подобро и со погодоците на Ибиши и Цветаноски донесоа нови три бода и зацврстување на првата позиција.

fkv

Вардарци по првиот дел имаа шредност од 1:0. Првата шанса на натпреварот ја имаше Брдаровски во 9.минута, биеше од 10-сетина метри одкосо само над голот на гостите. Во 24. минута гостите ја имаа првата посериозна шанса за гол. Искусниот Божиновски биеше силно, а Гачевски со супер одбрана спречи гол. Вардар во продолжението притискаше, напаѓаше и беше блиску до гол. Супер партија и прво полувреме имаше Цветаноски, кои во соло продори беше најголема опасност по голот на гостите. Токму во 37. минута преку Цветаноски се роди голот за Вардар. Крилниот играч во супер продор од левата страна, асистираше до Жуниор на кој не му беше тешко да погоди од пет метри за предност. До крајот на првиот дел шанса опасна имавме и преку Новак кој биеше со глава од корнер, но само во добро поставениот голман на гостите Јовановски.

87033109_2741345759245586_2919006743847501824_o

Вториот дел не можеше да започне подобро за лидерот на табелата. Се играше 48. минута, Брдаровски во одличен продор по десната страна, центрираше, го пронајде Ибиши на кој не му беше тешко да погоди за голема предност од 2:0. Во 54. минута лесно можеше да си постигна авто гол нашиот тим. Младеновски во една гужва за среќа ја погоди пречката од голот на Гачевски и остана 2:0. Во 60. минута Вардар ја круниса одличната игра денеска. Одличната партија со гол овој пат ја претвори Цветаноски кој од 10-сетина метри биеше ниско по земја за нов гол и 3;0. Со супер удар и погодок, Карваљо во 67. минута донесе намалување на предноста на Вардар на 3;1. Во 75. минута, Ибиши излезе кај Вардар, а во игра влезе Колевски. До крајот на дуелот во игра кај Вардар влезе и Адем на местото на Цветаноски. Промени на резултатот немаше, па така Вардар со резултат 3;1 го доби денешниот дуел.