Во полуфиналето на „Пирин Куп 2020„ кој се игра во соседна Бугарија, денес ФК Вардар генерација 2004 година се сретна со тимот на Арда. На оваа средба момците на Сашо Тодоровски-Рап Тап обезбедија меч за златен медал.
Во полуфиналето ние доминиравме целосно, нашите помлади пионери ја имаа доминацијата на теренот и го контролираа дуелот во целост, покажавме многу повеќе од ривалот. Победата дојде со два гола предност, односно со резултат 2-0. За нас стрелци на погодоците на овој полуфинален дуел беа: Левен Ибраим и Огнен Здравковски. Финалето на програмата е утре, ривал ни е тимот од Бугарија, екипата на ФК Черно Море.
За нас денес започнаа: Ангелов, Каровски, Љушев(к), Милошевски, Ричков, Хајдари, Здравкоски, Стоимов, Перковски, Попов и Ибраим.
Во игра уште влегоа: Ивановски, Анчевски и Цеков.