Конечно, денес по пауза од речиси два месеци се враќаат возбудувањата во Првата фудбалска лига на Македонија. Стартува пролетната етапа со еден натпревар и тоа на нашиот миленик, лидер на табелата и најтрофеен фудбалски клуб, Вардар.
Васоски се одлучи со кои 11-мина ќе го започне дуелот. Како што најавивме сабајлево, Попзлатанов и Ибиши тргнуваат, а ќе го нема Адем кој е на клупата
Вардар: Гачевски, Новак, Тошевски, Младеновски, Брдаровски, Жуниор, Попзлатанов, Мицевски, Најдовски, Цветаноски, Ибиши.