Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Нови проблеми за Камара, уште еден клучен играч на Веспрем нема да допатува во Скопје поради повреда
Нови проблеми за Камара, уште еден клучен играч на Веспрем нема да допатува во Скопје поради повреда

Нови проблеми за Камара, уште еден клучен играч на Веспрем нема да допатува во Скопје поради повреда

Додека поранешниот помошник тренер на Вардар, Давид Дејвис Камара има искушенија со Египет за време на СП, во исто време  го мачат и клупски проблеми со повредени играчи пред почетокот на продолжението од елитната лига на шампионите.

Веспрем во изминатиот период изгуби двајца клучни ракометари за продолжението од ЛШ, откако се повреди  Норвежанецот Тонесен, сега извесен период надвор од терените ќе мора да мине и Данскиот репрезентативец,  Рене Тофт Хансен.  Истиот се здоби со повреда на мускулот, унгарскиот тим вчера  објави дека Хансен ќе мора да биде опериран за проблемот да биде целосно саниран. Па така  Камара, неможе да смета на Тонесен и Хансен за настап за Веспрем на претстојното гостување во Скопје против Вардар. Оваа средба која е “дерби на колото“ во ЛШ е  закажана за 16 февруари во Јане Сандански.