Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > На 31.јануари, Вардар ги пушта билетите во продажба за дуелот со Веспрем
На 31.јануари, Вардар ги пушта билетите во продажба за дуелот со Веспрем

На 31.јануари, Вардар ги пушта билетите во продажба за дуелот со Веспрем

Ракометнииот клуб Вардар известува дека од 31.јануари ( четврток) ќе бидат пуштени во продажба билетите за натпреварот на Вардар во Лигата на Шампионите, против екипата на Веспрем.

Овој натпревар од 12.коло, ЕХФ го прогласи за меч на колото, очекувано со оглед дека двете екипи се борат за што повисок пласман на табелата. Вардар во првиот дел од сезоната успеа да го совлада унгарскиот вицешампион во “Веспрем Арената„.

Во продажба ќе се пуштат поединечни билети за трибините и А блоковите. Имателите на сезонски билети истите ќе може да ги искористат за сите натпревари во лигата на шампионите и во СЕХА лигата, и домашното првенство.

Цената на поединечните билети за дуелот со Веспрем се:
* 350 денари за местата на трибина
* 400 денари за А блоковите

Билетите ќе може да се купат на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” секој работен ден од 10 до 18 часот, и он лајн на www.ticketplus.mk

Мечот против Веспрем е закажан за на 16.февруари во Јане Сандански, со почеток од 17:30 часот.