Алборг, ланскиот изненадувачки финалист е во Скопје и вечерва го очекува натпревар против нашиот Вардар. Веќе излегоа составите, па така и дефинитивно се знае дека и противникот вечерва ќе биде ослабен со неиграње на неколку ракометари.
Имено, поради повреди вечерва ќе ги нема најпознатото име во нивниот тим, Арон Палмарсон како и првиот голман на тимот Микаел Агефорс, кој исто така нема да може да му помогне на својот тим поради повреда. На листата се наоѓа и Себастијан Хенеберг, кој исто така вечерва нема да игра во Скопје. Но и покрај овие проблеми, Алборг има сериозен тим во имињата на Феликс Клар, Лукас Сандел, Хенрик Мелгард.. Оваа ,,3ка” треба да биде најопасна, па доколку Вардар успее да ги лимитира, тогаш ќе заврши голема работа.
Пресметката во Скопје од третото коло на Лигата на шампионите ќе се одигра со почеток од 18:45 часот.