Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар продолжува со настапите во Супер лигата, Пролет е следниот противник
Вардар продолжува со настапите во Супер лигата, Пролет е следниот противник

Вардар продолжува со настапите во Супер лигата, Пролет е следниот противник

Во среда (14.04) на програмата е 6.коло во плеј-офот од ракометната Супер лига. Во С.Ц. Вардар е домаќин на екипата на Пролет.

Вардарци влегуваат како фаворити на натпреварот, на кој ќе се обидат да стигнат до шесттиот последователен триумф сезонава во домашното првенство. Вардар е на првото место со 15 освоени бодови, додека Пролет се наоѓа на 3.место со 9 бодови.

Судии на натпреварот се Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје, додека делегат ќе биде Владимир Саздовски. Натпреварот ќе стартува од 16:30 часот.

Двојки за 6.коло во плеј-офот:

Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2  16:00  (14.04)

Вардар – Пролет  16:30  (14.04)

Струга – Охрид  14:00  (15.04)

Бутел – Металург  14:30  (15.04)