Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Продолжуваат натпреварите во сеха-лигата, нова “епска“ битка на Вардар и Загреб

Продолжуваат натпреварите во сеха-лигата, нова “епска“ битка на Вардар и Загреб

Нема многу одмор за Вардаровите ракометари. Денес со почеток од 17:45 часот не очекува нова ракометна претстава и повторно во спортскиот центар Јане Сандански. Црвено-црните ќе одиграат нов натпревар, вкупно четврти во сеха-лигата во новата сезона. Во Скопје ќе гостува екипата на ППД Загреб која е предводена од Веселин Вујовиќ.

Вардарци во добро расположение го дочекуваат овој меч, после победата и одличното издание на дуелот со Веспрем. Нашиот ракометен шампион дефинитивно го одигра најдобриот натпревар во новата сезона и потсети на оној вистинскиот Вардар, каков треба да биде во текот на целата сезона. Радува фактот што во екипата се вратија Македа и Стоилов додека сеуште под знак прашање е настапот на столбот во одбраната, Илија Абутовиќ кој ги пропушти последните два натпреаври. Мечевите со Хрватскиот шампион се секогаш незивесни и квалитетни, па не се сомневаме дека и вечерва двете екипи ќе приредат нов ракометен спектакл. Загреб пред почетокот на сезоната направи неколку промени во својот тим. Повеќе дел од составот на Вујовиќ не се голманот Филип Ивиќ кој замина во Киелце, Лука Степанчиќ во ПСЖ и Ловро Михиќ кој е нов член на Висла Плоцк. Најзвучно име кое ги засили редовите на Загреб е пикерот Игор Вори кој дојде од тимот на ПСЖ и по неколку сезони повторно се враќа во својот дом, каде го направи својот најголем подем. Нови играчи се и словенските интернационалци, голманот Матвеж Скок, Давид Миклавчиќ и Дарко Цингешар. Респектебилна екипа, која и оваа сезона ќе атакува на највисоките места во сеха и лигата на шампионите. Досега Загреб одигра само еден меч во ова натпреварување и тоа со својот најголем конкурент во домашното првенство, екипата на Нексе која ја совлада со резултат 28:22.

Сите се сеќаваме на полуфиналето од изминатата сезона во сеха-лигата, кога во во еден инфаркт меч, Вардар беше подобар од Загреб. Резултатот на тој натпревар гласеше 26:24 во корист на нашиот шампион. Драматичниот финиш ни припадна нам, кој по чудна судиска одлука можеше да се доведе и по продолженија. Како ќе биде вечерва очекуваме да видиме, нивните натпревари секогаш носат доза на неизвесност, но и квалитет во играта. Се надеваме дека повторно ќе уживаме во добар ракомет, а Вардар ќе биде екипата која ќе го освои целиот “плен“ од оваа дерби пресметка во сеха-лигата. Дојдете во Јане Сандански и само за 50 денари проследете го овој меч.