Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Победи за Циндриќ, Душебаев, Кањелас и Фереира, прв пораз за Русија на СП
Победи за Циндриќ, Душебаев, Кањелас и Фереира, прв пораз за Русија на СП

Победи за Циндриќ, Душебаев, Кањелас и Фереира, прв пораз за Русија на СП

После стартната победа против Јапонија, репрезентацијата на Русија го доживеа првиот пораз на мундијалот. Пресилни за Русија беа Норвежаните кои стигнаа до својата втора победа во групната фаза. Русија немаше свој ден, што говори дека нивниот капитен и играч на Вардар, Дибиров го заврши натпреварот без ниту еден постигнат гол, односно имаше четири обиди и исто толку промашувања. Норвешка уште на стартот најави дека ќе оди на победа, кога поведе со 4:1. Русија се врати со два погодови цо серија и намали на 4:3. Сепак во продолжение од натпреварот, Норвешка стигнува до највисоки пет голови предност (9:4), а потоа имаа и шест голови разлика (12:6). До крајот на првото полувреме, избраниците на Торгованов смалија на 15:11.

По десет минути игра во вториот дел, Русија успева да се врати на натпреварот, намалувајќи на само два гола разлика. Меѓутоа тоа беше се што сторија на натпреварот. Повторно Норвешка се одлепи и до крајот не дозволи Русија да се доближи на помала негатива од четири голови. Конечниот резултат гласеше 28:24. Од Вардаровите играчи, единствено во листата на стрелци се запиша Данил Шишкарев кој постигна 2 гола.

15966224_1264182326994068_7123425902480706898_n

Душебаев и Кањелас ја забележаа втората победа со Шпанија во групата во која се наоѓа и Македонија. “Фуријата“ тргна фуриозно и поведе со 4:1. Избраниците на Жорди Рибера имаа контрола на резултатот и поведоа со највисоки 12:6. Сепак во последните пет минути, Тунис успева да постигне четири последователни голови и на полувреме да замине со само два гола негатива (12:10). Во второто полувреме, Шпанија го контролираше резултатот и водството се движеше од 3-4 голови разлика. Тунис пружаше силен отпор, но недоволен да го доведе мечот во интересна завршница. Последните десет минути беа рутински одработени,за Шпанија да слави со конечен резултат 26:21. По еден гол на овој натпревар постигнаа Алекс Душебав и Жоан Кањелас.

Лука Циндриќ повторно одличен меч за Хрватска која иако не блескаше стигна до нова победа во групата. Овој пат противник беше силната селекција на Унгарија. Избраниците на Жељко Бабиќ имаа водство на стартот од 3:2, по што следеше криза во ниванта игра, која ја искористи Унгарија за да поведе со 3:6. Унгарија пропушти шанса по првото полувреме да замине со предност, бидејќи на шест минути пред крајот имаше водство од 11:7. Сепак Хрватска потсети на своите добри изданија од претходните првенства и со серија од 4:0 стигна до израмнување од 11:11. Во вториот дел, Хрватска на голот го имаше расположениот Филип Ивиќ, која благодарение на неговите одбрани стигнува до предност од 17:15. Решавачкиот исчекор кон поебдата, Хрватска го прави на десет минути пред крајот кога успева да поведе со 22:18. До крајот не дозволија нов пресврт и успеаа да триумфираат со резултат 28:23. Единствениот Вардарец во составот на Хрватска, Лука Циндриќ постигна четири голови од пет обиди кон голот на Унгарија.

Прва победа на мундијалот и за Мораес Фереира во дресот на Бразил, која беше поуспешна од ослабената репрезентација на Полска. Конечниот резултат на крајот гласеше 28:24. Кариоките започнаа со силно темпо на игра, каде имаа водство од 5:0. До крајот на полувремето ја одржуваа предноста и на одмор заминаа со резултат 16:11. Највеќе што успеа да направи Полска во вториот дел е да намали на три гола.