Tuesday ,01 July 2025
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Радичевиќ и Лазовиќ: Очекуваме подобра игра против Будуќност на натпреварите од ЛШ
Радичевиќ и Лазовиќ: Очекуваме подобра игра против Будуќност на натпреварите од ЛШ

Радичевиќ и Лазовиќ: Очекуваме подобра игра против Будуќност на натпреварите од ЛШ

Ракометарките на Вардар вчера го одиграа натпреварот против Будуќност, во рамките на првиот турнир од новоформираната регионалната лига. Ова беше само како загревање пред важните натпревари во главната рунда од лигата на шампиони, каде овие две екипи ќе се сретнат два пати. Првиот е веќе на 29-ти јануари и истиот ќе се одигра повторно во Подгорица. По пауза од подолго време можеме да бидеме задоволни од изданието на нашиот состав кој одигра брз и динамичен натпревар. По првото полувреме резултатот на семафарот беше израмнет 16:16. Во вториот дел, во еден момент Будуќност се одлепи на четири голови разлика, што на крајот се покажа како пресудно за конечен триумф од 31:30.

По завршување на натпреварот свое видување дадоа Радичевиќ и Лазовиќ.

-Задоволна сум како одигравме, само една седмица сме заедно, и имаме уште две недели и ќе биде многу подобро пред почетокот на лигата на шампионите. Тогаш очекувам и поголема тензија и адреналин. долго се познаваме, трета година по ред играме едни против други и немаме никакви тајни, рече Радичевиќ.

Не беше лошо, по паузата се собравме, работевме една седмица и сигурна сум дека можеме и многу подобро. Очекувам подобра игра на почетокот на главната фаза од ЛШ, и се разбира позитивен резултат, изјави Лазовиќ.