Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Падна и Ангола, Македонија продолжува со добрите игри на СП во Франција
Падна и Ангола, Македонија продолжува со добрите игри на СП во Франција

Падна и Ангола, Македонија продолжува со добрите игри на СП во Франција

Македонската ракометна репрезентација ја забележа и втората победа на светското првенство во Франција. Нашите момци вечерва ја совладаа селекцијата на Ангола.

Натпреварот со гол го отвори капитенот Лазаров, а истиов играч во 11 минута носи водство на Македонија од 1:4. Сепак претстои лош период за нашата репрезентација, каде во следните седум минути Ангола прави серија од 4:1 и го израмнува резултатот на 5:5. По ова следеше тајм-аут на селекторот Лино Червар. Во следните минути Македонија е постојано во предност, која не е поголема од еден гол разлика. Сепак во последните одум минути од првиот дел успеваме да се одлепиме од противникот и со три голови во серија на крилото Гоце Ѓорѓиески поведуваме со 9:13. Во следниот наш напад првиот гол на натреварот го постигнува и Стојанче Стоилов, кој носи највисоки пет голови за својата репрезентација. На полувреме се оди со резулат 9:14. Во овој дел од натпреварот нашиот голман Кирил Колев имаше неколку интервенции

Второто полувреме започнува лошо за нашата репрезентација, дозволувајќи да примиме три погодоци и Ангола да намали на 12:14. Мразот во вториот дел го крши, Вардаровиот пикер, Стоилов кој со својот втор гол зголемува на 12:15. Кирил Лазаров со својот петти гол од сито толку обиди од линијата за седум мтери ги враќа оние највисоки 13:18 во 40 минути. Со првиот гол на Фили Лазаров, Македонија стигнува и до највисоки 14:21. На голот доби шанса и Благојче Трајковски кој веднаш забележува одбрана. Вториот играч на Вардар на овој мундијал, крилото Мартин Поповски успева да погоди од својата позиција за веќе водство од 15:24 во 51 минута од дуелот. Деби гол и за нашиот голман Трајкоски кој на два пати успева да ја погоди празната мрежа на Ангола, за прв пат да имаме двоцифрена предност од 18:28. Дефинитивно најдобриот потег на мечот го изведоа Поповски и Филип Лазаров, со цепелин акција која ја заврши Филип. Конечниот резултат гласеше 22:31.

Кирил Лазаров постиган 10 голови. Стоилов беше стрелец на 3 гола, додека крилото на Вардар, Поповски беше стрелец на еден погодок.