Monday ,16 September 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Промена во термините, Вардар и Металург ќе играат на 13.мај
Промена во термините, Вардар и Металург ќе играат на 13.мај

Промена во термините, Вардар и Металург ќе играат на 13.мај

Ракометната федерација на Р.Македонија направи мала промена во термините за одигрување на полуфиналните натпревари во Купот.

Првично беше објавено дека натпреварите од завршниот турнир, односно оние полуфиналните ќе се одиграат на 14.мај, но истите сега се поместени за ден порано, односно на 13.мај, додека големото финале е закажано за на 15.мај.

Вардар во полуфиналето ќе се сретне со екипата на Металург, додека домаќин на Ф4 турнирот ќе биде спортската сала во населбата Автокоманда. Во другото 1/2 финале ќе се сретнат екипите на Бутел и Еурофарм Пелистер.

Преноси од полуфиналните натпревари ќе може да се проследат на You Tube каналот на РФМ.