Monday ,16 September 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Македонија со победата над Финска се пласираше на ЕП
Македонија со победата над Финска се пласираше на ЕП

Македонија со победата над Финска се пласираше на ЕП

Со победата на гостувањето кај Финска, ракометната репрезентација на Македонија обезбеди пласман на ЕП во 2022 година.

Македонија вчера ја победи Финска (22:27), иако противникот даде силен отпор, сепак поискусните и подобрите на крајот се радуваа. Домашната репрезентација во текот на првото полувреме имаше водство, во еден момент истото достигна и до три гола позитива, додека на полувреме резултатот гласеше 14:12.

 Сепак, како одминуваше второто полувреме, работите започнаа да се доаѓаат на место, па Македонија ја превзе контролата на играта и резултатот. Иако Финците имаа расположен голман, сепак на теренот влегоа поискусните играчи како Лазаров, Миркуловски и Кузмановски кои го свртеа резултатот во своја корист. Позитивата постепено растеше, за на крајот да достигне и пет голови разлика.

Од вардарците, најефикасен беше Гоце Георгиевски кој постигна 4 голови, додека Стоилов имаше 2. Во листата на стрелци со по еден погодок се запишаа и Талески и Мишевски.