Sunday ,08 September 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гаџа, Чупиќ и Шеваљевиќ имаа забележителна улога во победата на своите репрезентации
Гаџа, Чупиќ и Шеваљевиќ имаа забележителна улога во победата на своите репрезентации

Гаџа, Чупиќ и Шеваљевиќ имаа забележителна улога во победата на своите репрезентации

Вардаровите ракометари забележаа настапи за своите репрезентации, во рамките на квалификациите за пласман на ЕП во 2022 година.

Хрватска за која настапија двајца вардарци стигна до убедлива победа во дуелот со Хрватска, со резултат 32:24. Во текот на целиот натпревар Хрватска беше во предност, додека на полувреме резултатот гласеше 16:10.

Анте Гаџа беше меѓу најефикасните ракометари на овој натпревар постигнувајќи 4 голови од исто толку обиди, додека Иван Чупиќ запиша два погодоци. Ова беше натпревар во рамките на ЕХФ Евро Купот.

Црна Гора забележа голема победа за пласман на ЕП. На гостувањето во Приштина, црнагорците беа подобри од екипата на Косово со резултат 22:27. Заслужена победа за Црна Гора која во текот на целиот меч имаше водство. Најефикасен ракометар во триумфот на својата репрезентација беше Васко Шеваљевиќ кој постигна вкупно 5 голови.