РК Вардар 1961 прави промена на позицијата кружен напаѓач. По три сезони минати во Скопје и во ,,црвено – црниот” дрес, Глеб Калараш си заминува, а на негово место доаѓа Жереми Тото од Франција.
Се работи за кружен напаѓач кој во овој момент е дел од екипата на Висла Плоцк. Има 29 години (197/106), а потекнува од составот на Кретеј, за кој играше од 2011 до 2017 година. Потоа направи трансфер во Сен Рафаел, а со овој тим беше дел од ЕХФ Купот. Оваа сезона со Висла Плоцк играше на завршниот турнир од Лигата на Европа, каде постигна и пет погодоци на два натпревари.
Дали ова ќе биде правилен потег и дали Жереми Тото ќе биде полн погодок за ,,црвено – црните” , останува времето да покаже.