Денес со почеток од 18:00 часот, екипата на РК Вардар под водство на Веселин Вујовиќ ќе го има првиот собир во пресрет на подготовките за новата натпреварувачка сезона.
На првиот тренинг кој ќе се одржи во С.Ц. Јане Сандански, треба да се појават новите засилувања со исклучок на Гурбиндо кој подоцна ќе се приклучи на тимот, со оглед дека ќе биде дел од шпанската репрезентација на претстојните олимписки игри во Токио.
Тренингот ќе започне во теретана, па ќе продолжи надвор од салата.