Ракометниот клуб Вардар ќе игра во Лигата на Шампионите во новата натпреварувачка сезона. Откако од ЕХФ побараа депозит од 1.милион евра и го поставија 27.јули како краен рок за исплата, сопственикот на Вардар, Михајло Михајловски, во изјава за „Слободен Печат“ изјави дека Вардар ќе ги уплати бараните средства.
-Средства ќе се обезбедат, ќе бидат уплатени до крајниот рок и Вардар ќе игра во Лигата на шампионите идната сезона, изјави Михајло Михајловски.
Вардар денес ги стартува подготовките за новата сезона. Во лигата на Шампионите се наоѓа во група заедно со екипите на Кил, Алборг, Пик Сегед, Монпелје, Брест Мешков, ППД Загреб и Елверум.