Ракометната федерација на Македонија го одреди терминот за Супер Купот. Во него ќе се сретнат екипите на Вардар, како освојувач на двојната круна и Еурофарм Пелистер, како финалист во националниот Куп.
Четвртото издание на ракометниот Супер Куп ќе се одигра на 11.август во СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид.
Вардар е бранител на Супер Купот, односно ги освои сите претходни три изданија на ова натпреварување.