Поранешниот играч и капитен на Вардар, Стевче Алушовски изминатиов викенд испиша своја историја. Предводникот на ,,црвено – црните” со победата на Вардар во Купот на Македонија, успеа да го освои првиот трофеј како ракометен тренер.
По само неполна недела откако го освои првиот трофеј, предводникот на РК Вардар 1961 веќе утре ќе има можност да го запише и вториот. Доколку вардарци победат утре во Битола и дефинитивно Алушовски ќе го запише вториот трофеј како самостоен тренер.
Алушовски по крајот на оваа сезона си заминува од редовите на Вардар 1961.