ПОБЕДААА…… ЖРК ВАРДАР НА KОЛЕНА ГО ФРЛИ МЕТАЛУРГ ВО ДЕРБИТО…
Во Јане Сандански денес во рамки на 22.коло се одигра дерби, Вардар беше домаќин и покажа карактер совладувајќи го силниот тим на Металург. Ова ни носи 2.позиција зад Куманово, победата дојде со резултат 24-22.
Првите 3.минути не донесоа погодок, ривалот отвори во 4.минута за 0-1 преку Николиќ Милица. Тоа беше нивното прво и последно водство во првиот дел. Веќе во 9.минута водевме со 4-2, три гола постигна Трпевска и еден Костовиќ заедно со неколку одбрани на Илиќ сето тоа доа донесе до пресврт. Игравме на ниво, цело време бевме подобри од сино-белите, одбраната на високо ниво, Илиќ одлична офанзивата фуриозна. Поведовме со високи 8 гола (12-04) во 18.минута, со голот на Катерина Дамјаноска. Вардарки играа одличен ракомет во поле, но дојде и до мало опуштање. Во напад Диневска, Трпевска беа одлични. Со серија 0-3 сино-белите намалија на 12-7 по што Ристова побара тајм-аут.Во игра ја внесе Миновска и Ѓорѓиевска на крилните позиции, им даде шанса и на најмаладите Стефаноска и Коцева. Повозрасната екипа не се помири со големата негатива и беше во силен налет. Најпрвин почнавме добро и ја одржувавме предноста, но во последните 90.секудни си дозволивме три гола по што заминавме на одмор со само три предност (15-12).
Вториот дел го отворивме добро, врзавме два гола па по 4.минути отидовме на плус пет (17-12) со голот на Дамјаноска Катерина. Голема борба се водеше помеѓу двата тима, ова беше дерби за 2.позиција, па влогот беше голем. Во 39.минута, гостинките се вратија на минус три (18-15) со погодокот на Николиќ. Вардарки не помислија да дозволат да ни се доближат на критични 1-2 гола, Миновска погоди по одличен влез од крилна позиција. Се играше игра гол за гол, двата тима прикажаа врвен ракомет на ова дерби. Точно на средината на вториот дел, во 45.минута беше 21-17 по голот од пенал на непогрешливата од оваа позиција Михаела Стојановска, која и на Куп завршницата погоди 5/5.
Последните 15.минути беа пресудни за победникот, двата тренера ротираа и ги уфрлија насилните адути во игра. Се очекуваше и имаше драма. Металург со два врзани гола сериозно се закани, во 49.минута намали на само 21-19 и внесе неизвесност како и многу пати претходно во мечот. Ние не погодивме три напада, тоа беше казнето во 52.минута кога дојдоа на гол негатива (21-20), но по 20.секунди Костовиќ храбро влезе и не врати на два чекора предност (22-20). Вистинската драма започна во 54.минута , сино-белите изедначија на 22-22 и имаше контра за водство, Илиќ се вивна и одбрани. Во напад девојката со храбро срце Михаела Стојановска извади пенал, истиот сама го претвори во гол за 23-22. На нашиот гол Илиќ повторно одбрани, капитенот Диневса „заби“ за 24-22, а Илиќ пак фати удар. со тој резултат победивме.
Илиќ беше феноменална и фати 17.топки, капитенот Диневска погоди 7.гола, Трпевска Ивона имаше 5.погодока,а по 3 имаа Дамјаноска, Костовиќ и Стојановска.