Вистинска драма со среќан крај денес видовме во Јане Сандански, во рамки на 22.коло се одигра дерби, Вардар беше домаќин и покажа карактер совладувајќи го силниот тим на Металург. Ова ни донесе „забетонирана“ 2.позиција зад Куманово, победата дојде со резултат 24-22.
По мечот емоциите не се криеа, девојките работеа вредно со години, Металург секогаш завршуваше пред нас на табелите, но Ристова и Царчев создадоа компактен тим кој фаворитките во Купот, а сега и во лигата ги примора да ни „гледаат во грб“. Неколку фотогафии од последните моменти од играта и прославата по тоа.