Одличен почеток на Светското првенство за ракометната репрезентација на Македонија, која успеа да ја победи Јапонија на стартот од мундијалот.
Освен две водства на Јапонија, остатокот од натпреварот помина во доминација на Македонија, која имаше предност во најголем дел од мечот. Отвори противникот со погодок, но избраниците на Гонзалез вратија со три гола во серија, од кои два беа на Манасков и еден на Стоилов, за водство од 1:3, а на голот одлично стартуваше Ристовски кој набрзина собра три интервенции. Јапонија врати во иста мера и со три последователни голови поведе со 4:3, тоа беше последната предност на противникот на овој дуел. Македонија влезе во одлична серија, во следните минути му дозволивме на противникот да постигне само еден гол, додека ние постигнавте дури седум, па во 17 минута имавме најголема позитива од пет голови (5:10). Разликата дефинитвно ја направи голманот Ристовски кој по 20 минути игра стигна до двоцифрен број на одбранети удари. Одлично игравме во нападот, додека имавме мали проблеми со одбраната, кога дозволувавме брз напад на јапонците и лесни голови. Со новиот гол на вардаровиот капитен, Стоилов, нашата селекција стигна до најголеми шест голови разлика (11:17). Во последниот наш напад, успеавме да изнудиме пенал, повторно врз Стоилов, а истиот го реализира Лазаров што беше негов седми гол, додека Јапонија не успеа да погоди во последните секунди, односно Борко одбрани, тоа беше негова 12 успешна одбрана по првите 13 минути, Македонија имаше водство од 13:18.
На стартот на вториот дел по два гола на двете страни, а Стојанче Стоилов го запиша и својот трет гол, Македонија и на стартот одржува пет гола позитива. Македонија втор пат на мечот имаше можност да поведе со шест голови разлика, но Лазаров за прв пат промашува од седум метри. Во вториот дел во игра е и Мартин Поповски кој пресекува една топка, додава до Манасков овој погодува за водство од 21:27 во 45 минута. Македонија ја одржува оваа позитива, со својата 16-сета одбрана на Ристовски и со петтиот гол на Стоилов. Само за момент Јапонија намали на четири гола негатива, но Гонзалез повика тајмаут и во следната минута постигнавме два гола, од кои еден беше на вардарецот, Поповски за предност од 26:32. После два неуспешни цепелини, помина третиот кој во гол го претвори Филип Лазаров, а асистираше Кире. На крајт ќе испадне и убедлива победа на Македонија, која со вториот гол на мечот на Поповски стигнавме до резултат 27:35. На крајот славиме победа, со резултат 29:38.
Најефикасен беше Лазаров со 8 голови, додека Стоилов постигна 6, како и Поповски 3 гола. На голот, Ристовски имаше 20 одбрани. За играч на мечот е прогласен вардаровиот капитен, Стоилов.
Во рамките на второто коло, противник ни е селекцијата на Бахреин.
ФОТО:Gol.mk.