Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов беше избран за МВП играч на мечот Македонија – Јапонија на СП.
Стоилов одигра одличен натпревар денеска во Германија. Играше феноменално и во нападот и во одбраната и сосема заслужено ја доби наградата. Стоилов на денешниот дуел имаше шест удари кон противничкиот гол и сите шест завршија зад грбовите на голманите на Јапонија.
Честитки до нашиот играч и целиот тим, за денешната прва победа на Светското првенство во Германија и Данска.