Во еден супер натпревар, селекциите на Русија и Србија одиграа со нерешен резултат, во рамките на првото коло од Светското првенство во Германија и Данска.
Србија подобро го отвори натпреварот и поведе со 2:0, а Шишкарев пропушти шанса од пенал да го израмни резултатот. Сепак над вардаровото десно крило беа направени два фаули, по што судиите покажаа на удар од седум метри, кои успешно ги реализира Ковалев. Гледавме брз и динамичен натпревар со многу возбудувања. Србија во најголем дел од првото полувреме имаше предност, но избраниците на Кокшаров не се предадоа, па на шест минути пред крајот на првиот дел го имаа и првото водство. И на овој меч главниот збор во селекцијата на Русија го имаа вардаровите играчи. Откако српскиот чувар на мрежата, Веркиќ стигна до својата трета одбрана, неговата селекција за прв пат имаше најголеми три гола разлика (6:3). Интересно следните шест голови за Русија ги постигнаа играчи на Вардар, а во 19 минута резултатот беше израмнет на 9:9. Во овој дел од мечот, три гола беа дело на Дибиров, два на Шишкарев и Ковалев и еден за Глеб Калраш, пикерот на Вардар. Најбавиот гол во првиот гол е за кој друг ако не за левото крило, Тимур Дибиров, кој од една невозможна позиција успева да го совлада Веркиќ и да израмни на 11:11. Благодарение на две последователни одбрани на Киреев, за прв пат Русија го превзеде водството и стигна дури до два гола позитива (12:14), но Србија преку дебитантот Николиќ во 28 минута го израмни резултатот. Руската селекција повторно преку Дибиров, за кој ова беше 6-ти гол поведе со 15:16, но во последниот свој напад реализираше Србија, за нерешени 16:16 на полувреме.
Лошо започна вториот дел за Русија, кои дозволија по 6 минути игра да имаат негатива од три гола, неколкуте грешки во нападот им овозможи на Србија лесни голови, со кои поведоа со 21:18. Дибиров беше играчот кој одржуваше реултатска рамнотежа и со својот осми гол од девет обиди, намали на 23:21, додека Шишкарев не успеа да реализира зицер удар. Гледавме неизвесен меч, Русија ја топи предноста на Србија и со нови голови на Дибиров и Шишкарев во 46 минута го изранува резултатот на 24:24. Избраниците на Перуничиќ пропуштија две големи прилики, најпрво за плус два гола, промаши Радивојевиќ, за подоцна Грамс да одбрани и пенал.Сето тоа го користи Русија која шрави резултатски пресврт и во 53 минута поведе со 26:27. Во неизвесна завршница, во која и двете репрезентации имаа напад за победа, на крајот поделба на бодовите. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 30:30
Дибиров со 12 голови беше најефикасен на овој натпревар, Шишкарев постигна 3, Кисељев 2 и Калараш 1 гол.