Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дибиров прв стрелец засега, Лазаров запиша 8 асистенции
Дибиров прв стрелец засега, Лазаров запиша 8 асистенции

Дибиров прв стрелец засега, Лазаров запиша 8 асистенции

Веќе привршува вториот ден од Светското првенство во ракомет во Германија и Данска. По речиси одиграниот втор ден, ракометарот на Вардар, Тимур Дибиров и капитенот на Македонија, Кирил Лазаров се наоѓаат на првите позиции кога се во прашање головите, односно асистенциите.

На првиот натпревар на СП, Тимур Дибиров беше феноменален и постигна 12 погодоци од 13 обиди во нерешениот резултат на Русија и Србија. Во овој момент Дибиров е стрелец број еден на шампионатот со еден гол повеќе од Балох од Унгарија.

Кога се во прашање асистенциите пак, Кирил Лазаров е на врвот во овој момент. Нашиот капитен запиша денеска дури осум асистенции против Јапонија, а имаше и осум погодоци. Значи и Лазаров одигра одлична партија со 8 голови, односно асистенции.