Monday ,07 October 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Победа за РК Ангели, додека Урдаревски и Драчево одиграа со нерешен резултат, на машките натпревари од “Јуниор“ лигата кај генер. 2006/07
Победа за РК Ангели, додека Урдаревски и Драчево одиграа со нерешен резултат, на машките натпревари од “Јуниор“ лигата кај генер. 2006/07

Победа за РК Ангели, додека Урдаревски и Драчево одиграа со нерешен резултат, на машките натпревари од “Јуниор“ лигата кај генер. 2006/07

Денес во спортскиот рекреативен центар Кале започна ново коло во рамките на ракометната “Јуниор“ лига. Први на програмата беа натпреварите во машка конкуренција, кај генерацијата родени 2006/07 година. Победа издвојуваше екипата на РК Ангели Вардар, додека ремизираа Урдаревски и Драчево во еден интересен меч. Инаку ова беа натпревари од првото коло, на третата сезона на “Јуниор“ лигата.

На првиот натпревар утрово се сретнаа екипите на РК Опш.Кисела Вода и РК Ангели. Подобри беа Ангелите кои издвојуваа победа со резултат од 4:13.Уште од стартот на мечот најавија дека ќе одат на триумф кога имаа водство од 0:6. Долго време се чекаше на првиот гол на Кисела Вода која го намали резултатот на 1:6, но до крајот на првиот дел постигнаа само уште еден гол, за на полувреме да имаме водство на РК Ангели од 2:8. Вториот дел започна со гол на Кисела Вода за да го намали резултатот на 3:8. Подобрата екипа денес на теренот беше РК Ангели, кои направија серија од 1:5 до крајот на мечот и славеа со конечен резултат од 4:13. Кај победничкиот тим се истакнаа Александар Антиќ и Антонио Наковски, кои постигнаа по четири голови.

2

На вториот натпревар кај истава генерација силите ги одмерија екипите на РК Урдаревски и РК Драчево, натпревар кој заврши со нерешен резултат од 8:8. Во еден интересен натпревар двете екипи на крајот ги поделија бодовите. Во текот на целото прво полувреме се играше гол за гол, и на полувреме се замина со водство на Урдаревски од 4:3.

4

На стартот на второто полувеме екипата на Драчево постигна два гола и ја превзема предноста од 4:5. Повторно гледавме резултатски пресврт кога тимот на Урдаревски имаше водство од 8:6 и во тие моменти беше поблиску до победата. Сепак во последните пет минути, тимот на Драчево постигна два гола и го израмнија резултатот на 8:8, што на крај се покажа и како конечен. Двете екипи имаа по еден напад за победа, но не го искористија. Кај екипата на Урдаревски пет гола постигна Јовчевски, додека кај РК Драчево се истакна Тевдовски со четири голови.