Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Првиот натпревар во новата сезона, РК Вардар на домашен терен го пречекува Брест Мешков

Првиот натпревар во новата сезона, РК Вардар на домашен терен го пречекува Брест Мешков

Вечерва со почеток од 20:30 часот во С.Ц. Јане Сандански во првиот натпревар од сеха-лигата ни гостува екипата на Брест Мешков. Се работи за квалитетен противник кој во летниот период ги доведе Иранецот Иман Џмали црнагорскиот голман Раде Мијатовиќ, српското крило Рајко Продановиќ кој дојде од Пик Сегед, потоа Денис Рутенко, украинецот Владислав Остроушко, младиот Андреј Оринко, како и најдобриот стрелец во првенството на Белорусија за изминатава сезона, се работи за Андреј Јашченко кој дојде од екипата на Гомел. Единствено кој замина е Максим Баранов во Романски Одорхеи, додека поголем дел од сезоната ќе пропушти и бекот Димитри Камишик, кој имаше доживеано собраќајна несреќа во која доби скршеница на ногата.

За време на подготвителниот период екипата на Брест Мешков беше многу активна, одигрувајќи голем број на контролни натпревари. Турнејата започна од Германија, а заврши на турнирот “Кањижа куп“, на кој избраниците на Бебешко го освоија второто место. Во големото финале беа поразени од екипата на Пик Сегед, додека забележаа триумф во дуелите со Партизан и Металург. На турнирот кој беше во нивна организација “Белгазпромбанка“ успеаа да триумфираат и тоа откако беа подобри во решавачкиот меч од нашиот Вардар (29:26). Претходно минимално го победија Фрацуски Сесон Рен (25:24).

Во меѓусебните дуели Вардар е во предност, има забележано пет победи, додека четири се во корист на Белорусите. Ова се предуслови да гледаме вечер квалитетен и интересен натпревар. Вардар против кого и да игра на домашен терен е фаворит, така ќе биде и вечерва. Немаме проблеми со повредени играчи, сите вечерва ќе се стават на располагање на тренерот Гонзалес. Останува уште нејасно прашањето дали вечерва публиката ќе има можност да го види новото засилување Чупиќ, како и неговите соиграчи од репрезентацијата, Карачиќ и Циндриќ, кои имаа само еден тренинг со екипата и тоа вчерашниот.

Дојдете во С.Ц Јане Сандански да има дадеме поддршка на нашите момци да ја впишат првата победа во новата сезона во ова натпреварување, со што би означиле добар старт на сезоната.