Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Марија Аврамовска: “Јуниор лигата“ доприносе да има зголемен интерес за ракометот како спорт, каде родителите сакаат да ги насочат своите деца

Марија Аврамовска: “Јуниор лигата“ доприносе да има зголемен интерес за ракометот како спорт, каде родителите сакаат да ги насочат своите деца

Со нетрпение ја очекуваме новата сезона во ракометната “Јуниор лига“, која ги освои симпатиите уште во незјината прва година на функционирање. Конечно се појави нешто ново, кое им дава можност на сите деца, почнувајќи од најмлади па се до највозрасни да бидат дел од овој голем проект на ракометниот клуб Вардар. Само позитивни работи се слушаат и читаат за идејата која ја реализира нашиот најголем клуб во Македонија. Обединување на сите ракометни школи од цела Македонија е целта на оваа лига, која го зголеми интересот кај децата да започнат да тренираат ракомет. Најдобрите од дебитанската сезона веќе се приклучија во младинските екипи на ракометниот клуб Вардар, што говори за успешната работа на сите тренери и екипи кои беа дел од лигата во првата сезона. Очекувањата во новата сезона се поголеми, пред се во зголемување на бројот на школи кои би настапувале во “Јуниор лигата“, како и зголемување на бројот на деца во тие школи кои би се натпреварувале во различни возрасни генерации. Една од школите која беше дел од лигата за изминатата сезона е ракометната школа Ново-Лисиче, во која работат тренерите Анжела Платон и Марија Аврамовска. Во следново интервју имавме можност да разговараме токму со Авромовска, која е и поранешна ракометарка на Вардар.

-Како поранешна ракометарка, која пред 12 години настапував токму за ЖРК Вардар, пред се ми е од огромно задоволство што сум дел од оваа приказна на овој огромен проект на Ракометната академија на Вардар, која лани за прв пат ја организираше “Вардар Јуниор Лигата“, која покажа еден врвен, светски модул како се работи, и организираат ракометни натпревари за најсензибилната категорија на спортисти со децата. Со моето 10 годишно тренерско искуство во младите категории слободно можам да кажам дека од минатата година па навака има огромен интерес за ракометот како спорт, каде родителите сакаат да ги насочат своите деца, пред се во регионалните единици на Вардар, мегу која и нашата ракометна школа Рк Ново Лисиче – Вардар, со која веке 5 година ја водиме и работиме заедно со Анжела Платон. Како што реков се повеќе има интерес за упис и учество во Вардар Јуниор Лига.

Успесите на машката и женската екипа на ракометниот клуб Вардар се повеќе ги привлекуваат младите да започнат да тренираат ракомет и во иднина да се занимаваат со овој спорт.

-Со Самиот успех на машкиот и женскиот прв тим на Вардар, некако и природно е младите генерации да сакаат да тренираат ракомет, каде што како дел од академијата имаат и шанса да се запознаат и лично, како минатата година кога дел од ракометарите и ракометарките и дирекно беа вклучени во несебично пренесување на своето заење и искуство над децата.

Сите кои скааат да се запишат да тренираат во школата РК Ново Лисиче тоа сеуште можат да го сторат. Веќе од четврток почнуваат тренинзите како подготовка за новата сезона во “Јуниор лигата“.

Ние лани учествувавме во генерации 2002/2003 и 2004/2005 каде што освоивме 3 место во “Вардар Јуниор лигата“ .Оваа година планираме да настапиме покрај овие генерации и со најмалите 2006/2007 и помали, каде се надеваме на поголеми успеси. Уписите траат, а со тренинзи почнуваме на 1 септември во спортскиот центар Ново Лисиче, а веке до крајот на септември стартуваме и со лигата која како што напоменав успешно ке стартува и оваа година.

Новитет оваа сезона ќе бидат и натпреварите кои ќе се играат надвор од Скопје, односно во други ракометни сали низ Македонија.

-Нашето школо работи само со девојчиња на возраст од 6-15 години, и се надеваме на уште една успешна ракометна сезона, која оваа година лигата организира и играње на натпревари и надвор од Скопје, каде децата од регионалните единици од Скопје ке имаат можност и да почуствуваат како е да се игра на гостински терен, изјави Марија Авромовска за нашиот сајт.

Звонко Ивановски