Во период кога нема натпревари, Европскиот ракометен Шампион во продажба го пушти новиот дрес со кој ќе настапуваат во натпреварувачката сезона 2020/21/
Новиот црвено-црн дрес ќе биде достапен за сите навивачи во Фан Шопот, кој е во склоп на Спортскиот центар Јане Сандански. Сите кои сакаат да го имаат дресот на Вардар може да го посетат и истиот да го набават.
Вардар од стартот на сезоната одигра само еден натпревар во ЛШ, додека на Ф4 турнирот во СЕХА лигата го освои сребрениот медал.