Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Рајн-Некар, еден од противниците на Вардар во најсилната група започна со подготовки за новата сезона, засилени со Абутовиќ
Рајн-Некар, еден од противниците на Вардар во најсилната група започна со подготовки за новата сезона, засилени со Абутовиќ

Рајн-Некар, еден од противниците на Вардар во најсилната група започна со подготовки за новата сезона, засилени со Абутовиќ

Рајн-Некар кој е противник на Вардар во групата А Лигата на Шампионите стартуваше со подготовки за новата сезона. На првиот собир се појави и поранешниот вардарец, играчот кој помина седум години во црвено-црниот дрес и кој беше столб во одбраната, се работи за Илија Абутовиќ.

37251588_10155831177405679_1639226602694901760_n

Покрај Илија Абутовиќ од Вардар, екипата од Манхајм ја засилија и Владан Липовина од Хутенберг, Штефан Фет од Фуксе Берлин, Јаник Колбахер од Вецлар и Јеспер Нилсен од ПСЖ. Тимот го напуштија Хендрик Пекелер и Харалд Рајнкинд (Кил), потоа Рафаел Баена кој ќе игра за Бергишер. Од Рајн Некар Левен си замина и повратникот Ким Екдал Ду Риц, кој ќе игра во ПСЖ, како и Момир Рниќ.

Вардар и Рајн-Некар ќе се сретнат во рамките на 4 коло, кога црвено-црните ќе бидат домаќини и во 11 коло, кога Вардар ќе гостува во Германија.