Вчера започна турнирот “ракометот е мојата иднина“ на млади репрезентации кој се одржува во Бугојно, во Босна и Херцеговина. На турнирот учествуваат осум репрезентации поделени во две групи. Младинската ракометна репрезентација се наоѓа во групата Б заедно со репрезентациите на Катар, Бих и Полска. Веќе вчера одиграа меч против Катар на кој доживеаа пораз.
Денес нашите момци ќе одиграат уште два натпревари против домаќинот Бих и Полска. Првите две пласирани од двете групи ќе играат во полуфиналето. Четири ракометари од Вардар се во составот на Вд-селекторот Влатко Неделковски. Никола Кизиќ, Тоше Ончев, Филип Арсеновски и Александар Димовски се четирите Вардарци кои не преставуваат на овој турнир.