Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Александар Трифунов: Вардар е бренд кој секогаш играл офанзивен фудбал
Александар Трифунов: Вардар е бренд кој секогаш играл офанзивен фудбал

Александар Трифунов: Вардар е бренд кој секогаш играл офанзивен фудбал

После седум дена пауза поради репрезентативни обврски, продолжуваат натпреварите во националното првенство за младинските категории на Фк Вардар. Младинците предводени од Петар Ѓоргиевски гостуваат во Ѓорче, на екипата на Македонија Ѓ.П. Мечот е закажан за недела.

-После победата против екипата на Шкупи со 2:1, атмосферата во екипата е повеќе од одлична. Моментално сме на третата позиција но заслужуваме многу повеќе од тоа. Имаме квалитет и се надеваме дека ќе ги добиеме Ѓорче Петров на гостински терен.

Зад себе ќе имаат квалитетен противник, бидејќи се работи за една од подобри фудбалски младински школи во Македонија.

-Ако сакаме да стигнеме до 3 бода кои ни се премногу потребни
треба да влеземе безусловно и без респект во натпреварот. Сепак екипата на Ѓорче не треба да се потцени бидејки одсекогаш имале одлична школа со врвни индивидуалци. Вардар е бренд кој секогаш играл офанзивен фудбал, па така ќе биде и во Ѓорче кој се надевам ќе подклекнат пред нашите напади ,изјави Александар Трифунов за нашиот сајт.

Звонко Ивановски