Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Младинските категории на Фк Вардар, против Македонија Ѓ.П. во 13-коло
Младинските категории на Фк Вардар, против Македонија Ѓ.П. во 13-коло

Младинските категории на Фк Вардар, против Македонија Ѓ.П. во 13-коло

Викендов кој следи продолжуваат настапите за младинските категории на Фк Вардар. Противник на сите генерации е екипата на Македонија Ѓ.П. Минатата недела не се играше поради репрезентативни настапи на играчите.

-Помладите пионери први ќе го одиграат својот натревар, во сабота со почеток од 10:00 на теренот на Локомотива. Оваа генерација ќе се обиде да се врати на победничките патеки, откако во првото пролетно коло доживеа пораз од екипата на Пелистер во Битола. Во второто пролетно коло, црвено-црните доживеа пораз на гостувањето во Ѓорче, со резултат 3:2.

-Во сабота на истиов терен меч ќе изиграат и Пионерите на Вардар и Македонија Ѓ.П. Избраниците на Ане Андоновски никако не успеваат да влезат во победничка серија. Во минатото коло со нерешен резултат се вратија од гостувањето во Битола. На првиот натпревар против Македонија Ѓ.П забележаа победа од 0:2. Тогаш погодија А. Милевски и М.Геговски.

-Кадетите ќе се обидат да ја продолжат победничката серија и да го зачуваат врвот, на гостувањето во Ѓорче. Натпреварот се игра во недела од 10 часот. На првиот натпревар одигран во есенскиот дел, Вардар забележа висока победа од 4:1. Екипата во одлична атмосфера го очекува овој дуел, псоле високата победа од 8:1 против Пелистер.

-Свој натпревар против овој противник ќе одиграат и младинците. Црвено-црните ќе играат во недела на гостински терен. Во есенскиот дел, Вардар забележа победа од 2:0. Стрелци на головите беа П.Петковски и С.Аломеровиќ.