Екипата на Рк Вардар во сабота ќе го започне походот кон освојување на титулата во националното првенство. По првото коло од плеј-оф на Супер лигата, противник е екипата на Прилеп. Натпреварот ќе се одигра во сабота со почеток од 15:00 во малата сала во С.Ц. Јане Сандански. Мечот ќе го судат двојката Металари-Николовски. Ова ќе биде само полесен тренинг пред главниот двомеч за оваа сезона со екипата на Киелце кој е закажан за 11-ти април.
Првиот посериозен испит во Супер-лигата, Вардар ќе го има во четвртото коло, кога противник е екипата на Металург. Со Зомимак се сретнуваме во седмото коло. И во двата меча Вардар е домаќин.