Викендов кој помина се играа нови натпревари во рамките на квалификациите за Европското првенство, кое во 2016 година ќе се игра во Полска. Играчите на Вардар настапија за неколку национални репрезентации.
-Македонската селекција повторно доживеаа пораз, овој пат на гостувањето во Франција со резултат 35:24. И на овој натпревар се истакнаа Ангелов, потоа Филип Лазаров кој постигна 3 голови. Прибак и Стоилов го завршија дуелот со по два погодоци.
-Хрватска им врати на Скандинавците за поразот од првиот меч. На домашен терен забележаа победа против Норвешка со резултат 31:25. Игор Карачиќ беше во составот, но не успеа да се запише во листата на стрелци.
-Руската репрезентација за три дена забележа нов пораз од Унгарија, која ја предводи Талант Душебаев. 29:25 беше за Унгарците на овој меч. Најефикасен кај Русите повторно беше Данил Шишкарев со 4 голови, Дибиров и Чипурин постигнаа по 3 голови. Во составот беше и Растворцев.
-Шпанија го врати поразот од првиот натпревар со Германија, забележувајќи победа пред своите гледачи. Шпанците славеаа со резултат 26:20. Штербик беше одличен на голот и еден од најзаслужните за триумфот. Мечот го заврши со неверојатни 19 одбрани. Душебаев еднаш се запиша во листата на стрелци, а најновото засилување за Вардар, Хорхе Македа два пати ја тресеше противничката мрежа.
-Абутовиќ со Србската репрезентација не успеа да забележи победа против Исланд. Иако на три минути пред крајот имаа предност од 3 голови, на крајот мечот заврши нерешено. Абутовиќ доби шанса и во нападот, што е невообичаено за него каде постигна 3 погодоци. Потенцијалното заслување за црвено-црните, Марсениќ постигна 2 голa.