По вчерашната победа над тимот од Железарница до 2-0 нашите момци на само четири кола до крајот имаат 6 бода предност и голема шанса веќе во среда да ја заверат 9-та титула Шампион на земјата . Блажевски беше централна фигура на вчерашниот меч со два погодока од кој вториот од белата точка покажа квалитет и ја направи разликата во класа помеѓу двата противника .
До крај нашите момци ги чекаат четири дуела , но доколку победиме во среда на градското дерби со ФК Работнички последните три кола ќе станат формалност и ќе имаат ревиален карактер бидејќи титулата повторно ќе биде обоена црвено-црно. По една година пост се надеваме дека лесно ќе ја освоиме третата титула во последните четири првенствени сезони во Македонската фудбалска лига . Воедно ова ќе биде прв трофеј на ФК Вардар од како како доминантен сопственик на клубот е Русинот г-н Сергеј Самсоненко кој по се изгледа ќе ги “ожнее“ сите три домашни титули со трите негови тима ,а за напоменување е дека девојките веќе ја обезбедиа титулата неколку кола пред крајот на сезоната во нивната конкуренција.