Викендов во ракометната Вардар Јуниор лига во спортско рекреативниот центар “Кале“ се одиграа дуелите кај момчињата во генерација за ракометари родени 2002 и 2003 година. Се одигра последното 12 коло по кое се познати четирите екипи учеснички на завршниот Ф-4 турнир. Таму место обезбедија следните четири тима Кале Вардар ,Урдаревски Вардар, Преспа Вардар и последен патник на завршниот турнир е екипата на Бисинов Вардар.
Во оваа категорија осум тима беа поделени во две групи според пласманот на првите две позиции кои водат на Ф-4. Натпреварите од завршниот турнир е предвидено да се одиграат на 21 или 22 месецов. По одигрување на 12 кола полуфиналните двојки се следните:
- Кале Вардар – Урдаревски Вардар
- Преспа Вардар – Бисинов Вардар