Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Самсоненко: Ова не е сè, во план е реализацијата на уште еден проект
Самсоненко: Ова не е сè, во план е реализацијата на уште еден проект

Самсоненко: Ова не е сè, во план е реализацијата на уште еден проект

Вчера свечено беше пуштена во употреба Фудбалската Академија на ФК Вардар наменета за фудбалерчиња на возраст од 6 до 14 години. Таа се наоѓа зад источната трибина на Арената “Филип втори“ и на неа  ќе тренираат младите вардарови фудбалски надежи.  Овој мега-проект во кој е вложено 2.5 милиони евра немаше да ја види “светлината на денот“ доколку не беше желбата, идејата, финансиите и визијата на  господинот Сергеј Самсоненко, кој одржа говор на  на свечената церемонија на која го изјави следново за присутните :

Пред сѐ и сакал да изразам благодарност до сите физички и правни лица, како и официјалните државни функционери и структури на Република Македонија, кои ни овозможија и помогнаа да го реализираме овој проект. Сите тие, постојано ни ја даваа нивната несебична поддршка во остварувањето сите спортски проекти. Благодарност изразувам и до дечињата кои тренираат во ФК Вардар, како и нивните родители, за покажанато разбирање и трпение, додека траше изградбата на Фудбалската Академија. Изминаа две години и три месеци, откако го превземав раководењето со ФК Вардар. Резултатите кои досега ги постигнавме, ви се добро познати. Ние уште на првата прес-конференција ги истакнавме нашите амбиции, Вардар да биде редовен учесник во европските Купови, на меѓународната сцена.

7

Затоа би сакал дадам еден отчет за реализираните инфраструктурни проекти, на кои посветено работевме минатиов период, водени токму од зацртаната цел. За овие две години, го изградивме тренинг кампот на ФК Вардар, во населбата Хиподром, а еве сега го реализиравме и вториот проект, наменет за нашите деца од младинските категории до 14-годишна возраст. Исто така, во план е реализацијата на уште еден проект, со кој ќе бидат опфатени возрасните групи од 14 до 18 години и на тој начин ќе ја комплетираме целата неопходна инфраструктура, за потребите на ФК Вардар. Се надевам дека фудбалскиот свет во иднина нема да зборува само за Меси и Роналдо, туку дека од Фудбалската академија, наскоро ќе слушнеме за некој Месиевски или Роналдовски. Упатувам уште еден голем поздрав до сите што нѐ поддржуваат. Заедно одиме напред- Еден живот, една љубов- Истакна г-н Самсоненко.

Фотогалерија од отварањето на Фудбалската Академија на ФК Вардар намета за фудбалерчиња на возраст од 6 до 14 години може да погледнете на нашиот црвено-црн вардаров веб сајттука.