Градот Кавадарци ќе биде домаќин на завршниот ракометен турнир во Купот на Р.Македонија.
Истиот ќе се одржи во периодот од 13-15.мај на кој за трофејот ќе се борат екипите на Вардар, Бутел, како и двата тима на Еурофарм Пелистер.
Вардар е најтрофеен клуб во ова натпреварување, црвено-црните имаат вкупно 14 освоени титули во Купот.