Во текот на вчерашниот ден селекторот на хрватската машка ракометна репрезентација Жељко Бабиќ го објави списокот на ракометари на кои што ќе смета за настап на престојнотo Светско првенство. За светскиот собир во Франција од три вардарци кои го носеа дресот на оваа селекција претходно повик има само за двата средни бека на црвено-црните.
Новото засилување кое дојде од европскиот шампион Киелце, Иван Чупиќ не се најде списокот на хрватскиот селектор. Затоа па двоецот од Вардар на централната бековска позиција, Игор Карачиќ и Лука Циндриќ добија покани за настап. Хрватите во подготовките ќе одиграат мечеви со Црна Гора и една селекција која е во нашата група на СП во Франција, преставникот од “црниот континент“ Тунис.