Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Ристо Вујачиќ најдобар стрелец на РК Вардар Јуниор, а шестти во најсилната супер лига
Ристо Вујачиќ најдобар стрелец на РК Вардар Јуниор, а шестти во најсилната супер лига

Ристо Вујачиќ најдобар стрелец на РК Вардар Јуниор, а шестти во најсилната супер лига

По 14 одиграни кола во најсилната супер-лига младиот состав на РК Вардар Јуниор се наоѓа на претпоследното место на табелата со вкупно освоени 11 бодови. Избраниците на Стојан Петрушевски забележаа три победи, два нерешени резултати и девете порази. До крајот на регуларниот дел остануваат уште четири кола за одигрување, а после нив Вардарци ќе ги продолжат натпреварите во плеј аут на супер лигата.

Што се однесува до најдобрите стрелци до овој момент во супер-лигата Монтеро Де Барос Сергио Хенрике од екипата на РК Еурофарм Работник кој има постигнато 111 голови. Очекувано тоа признание кај Вардар Јуниор му припаѓа на Ристо Вујачиќ кој има постигнато 75 голови. Црнагорскиот интернационалец е најдобар играч во црвено-црниот дрес и вистински предводник на овој млад состав.