Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Три наши ракометарки ќе играат во 1/2 финалето на ЕП
Три наши ракометарки ќе играат во 1/2 финалето на ЕП

Три наши ракометарки ќе играат во 1/2 финалето на ЕП

Вчеравечер се одиграа последните натпревари од главната фаза на Европското првенство во Шведска. Очекувано, во полуфиналето се пласираа Холандија, Франција, Данска и Норвешка. Во 1/2 финалната рунда од нашиот тим ќе имаме три ракометарки, а тоа се: Лејно и Лакрабер со Франција, и Херем со репрезентацијата на Норвешка.

vardarfans-herem

Во 1/2 финалето паровите се: Норвешка – Франција и Данска – Холандија. Ова значи дека во финалето со сигурност ќе имаме еден играч од нашите редови, бидејќи меѓусебе ќе се судрат Франција и Норвешка.

euro_2016-srb_fra-photo-uros_hocevar20161214_18_275964_5851bf863

На последните натпревари од групната фаза, Франција ја совлада селекцијата на Србија со резултат 28-21. Во редовите на Франција, Лакрабер постигна два погодоци, додека пак Лејно и на овој натпревар беше помеѓу стативите. Норвешка пак, ја победи Чешка со 11 голови разлика, Одлична на овој натпревар беше Камила Херем. Нашиот играч на овој меч постигна пет погодоци.

euro_2016-srb_fra-photo-uros_hocevar20161214_11_275810_5851b3e29

Од вардарките во 1/2 финалето, Херем досега има постигнато 17 погодоци на ова ЕП, додека пак Лакрабер стрелец беше на 22 погодоци. Далеку напред на ова првенство е Неагу од Романија со 46 погодоци, додека пак на второто место е Јоргенсен од Данска со 35 постигнати погодоци.

mk1_1159_275895_5851bba2e