Викендов на програмата е четврттото коло во ракометната Вардар Јуниор лигата. Истото за разлика од минатите три кола овој викендов ќе се игра само во главниот град Скопје. Околу 650 момчиња и девојчиња ќе се натпреваруваат во три сали во два различни дена, сабота и недела.
Мечеви ќе има два дена во малата сала при Спорскиот центар „Јане Сандански”, потоа во недела во ќе има дуели и во спортско рекеативниот центар Кале и во спортскиот центар „Круме Кепески” во населбата Кисела Вода. На програмата се дури 33 натпревари во следните генерации: 2000/01, 2002/03, 2004/05 и во 2006/09. Распоредот за овој четврти натпреварувачки викенд во најмасовниот проект на црвено-црното семејство може да го погледнете-ТУКА.