Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Распоред на натпревари за младинците на РК Вардар, во вториот дел од натпреварувачката сезона
Распоред на натпревари за младинците на РК Вардар, во вториот дел од натпреварувачката сезона

Распоред на натпревари за младинците на РК Вардар, во вториот дел од натпреварувачката сезона

Втората младинска екипа на Рк Вардар предводена од тренерот Слободан Чивлачки своите настапи во вториот дел од сезоната ги започнува на 12-ти март, откако во првото коло екипата е слободна. Црвено-црните се наоѓаат на третото место на табелата со вкупно 12 освоени бодови, или четири победи и два порази. Првите две екипи од двете младински групи ќе обезбедат пласман на Ф4 турнирот и ќе се борат за приматот шампион во машка младинска конкуренција. Во есенскиот дел од сезоната забележаа победи во дуелите со екипите на  Охрид, Прилеп, Преспа и Работнички. Поразени бевме од далеку повозрасниот Металург 2 и во Битола, против екипата на Пелистер. Малдинцките ќе имаат тешка, но не и неостварлива мисија на крајот да стигнат до втората позиција. Најголем конкурент за тоа место ќе ни биде екипата на Пелистер.

Ова е распоредот на натпревари за вториот дел од сезоната, кој започнува од овој викенд.

8 коло: 05/06.03.2016

Вардар- слободен

9 коло: 12/13.03.2016

Охрид 2013- Вардар

10 коло: 19/20.03.2016

Вардар- Пелистер

11 коло: 26/27.03.2013

Прилеп- Вардар

12 коло: 02/03.04.2016

Вардар- Металург 2

13 коло: 16/17.04.2016

Преспа 2010- Вардар

14 коло: 23/24.04.2016

Вардар- Работнички

Завршниот турнир на најдобрите четири екипи е предвиден да се одигра на 14/15.05.2016. Местото на одигрување дополнително ќе биде одредено.