Ракометната Јуниор лига продолжува успешно да се изведува и функционира во нејзината прва година. Во неа имаат можност да се натпреваруваат дечиња од различни возрасни категории, во машка и женска конкуренција. Натпреварите се играат во малата сала на С.Ц. Јане Сандански и С.Р.Ц. Кале. Ние како медиум кој паралелно известува за случувањата во оваа лига, продолжуме со промоција на најмладите играчи, кои во иднина би можеле да ги видиме и во првите тимови на ракометниот клуб Вардар. Тамара Богоевска настапува за екипата на Општина Кисела Вода, во генерација родени 2000/2001 година предводени од тренерот Влатко Котески.
-Според мене “Јуниор“ лигата е одлична поради тоа што овозможува пред се дружење меѓу сите нас. Со секоја утакмица го зацврстуваме нашето другарство, учиме како да се подржуваме меѓу себе и напредуваме. Јас сум член на рамометната акадeмија на Кисела Вода. Задоволна сум и од резултатите и од тоа што сите во мојот тим се подржуваме меѓу себе и функционираме одлично, но секогаш може и подобро.
Најдобрите од оваа лига еден ден ќе имаат можност да заиграат во младинските екипи на ракометниот клуб Вардар. Затоа голема е желбата кај сите учесници во Јуниор лигата да ги покажат своите квалитети.
-Оваа лига е одлична можност за докажување и најквалитетните играчи да се приклучат во младинските екипи, па и понатаму. Секако како и сите други така и јас со голема желба и напорна работа се надевам дека еден ден ќе заиграм пред се за младинските екипи, а потоа и за првиот тим на Вардар, изјави Тамара Богоевска за Вардар Фанс.
Звонко Ивановски