Новата сезона во ракометната Супер лига треба да стартува на 8.септември, а од ракометната федерација веќе го објавија распоредот на натпревари во регуларниот дел од натпреварувачката сезона 2021/22.
Познато е дека во регуларниот дел ќе играат и екипите на Вардар и Еурофарм Пелистер, кои своето прво дерби ќе го одиграат во 4.коло, кога црвено-црните се домаќини во С.Ц. Јане Сандански.
Ќе се одиграат вкупно 22 кола, а сезоната ја отвараме со натпревар против новиот суперлигаш, тоа е тимот на Скопје кој е предводен од Андријана Будимир, поранешен тренер во младинските категории на Вардар.
Вака изгледа распоредот на одигрување натпревари во регуларниот дел од сезоната во машката ракометна Супер лига.